| |
| УСЛОВИ |
| |
Ве молиме прочитајте ги информациите што следат за да се запознаете со условите за користење на услугите на Giftshop.com.mk. Ако имате некои дополнителни нејаснотии и прашања Ве молиме контактирајте не слободно. Ние сме отворени во насока да Ви помогнеме да ги разберете нашите услови за користење на услугите во секое време. |
|
Начини на плаќање
Во моментов прифаќаме наплати со кредитни картички. Можете да платите со Вашата Visa, MasterCard, Discover, American Express, Diners, JCB и дебитни картички со Visa и MasterCard лого. Со кредитна картичка може да плати секој што поседува една од наведените типови на кредитни картички. |
|
Испорака
Испораката на наведените продукти се врши низ цела Македонија. Трошоците при испораката се пресметуваат за време на извршувањето на нарачката и ги сноси нарачателот на пратката. Тие се пресметуваат во однос на тежината на продуктите. Трансакцијата на кредитните картички се врши веднаш, а процесот кој потврдува дека нарачателот е валиден трае и до 48 часа. Во однос на тоа, испораката за извршените нарачки се врши минимум 48 часа од моментот на извршувањето на истата. Откако пратката ќе биде успешно испорачана и доставена, нарачателот добива e-mail со потврда за точната дата на прием.
|
|
Испорака во Македонија
Најчесто, пратките во Македонија се доставуваат по 2 работни дена од моментот на извршување на кредитната трансакција. Затоа доколку сакате да ја погодите точната дата за прием на пратката Ве молиме нарачката извршете ја неколку дена порано и притоа наведете ја датата на која сакате истата да биде доставена до примачот. |
|
Интернационална испорака
Во моментов не вршиме испорака во странство. Заинтересираните да купат продукти и тие да им бидат испорачани надвор од нашата држава, може да не контактираат во секое време и заеднички да најдеме решение за тоа. |
|
Проблеми при испорака
Испораката на пратката може да биде спречена од повеќе фактори: нецелосни или неточни податоци за примачот, виша сила и други фактори кои не зависат од нас. Во вакви случаи превзимаме одговорност за уште еден обид за достава на истата пратка без дополнителни трошоци, но ако и по втор пат таа не е доставена поради некои други фактори, нашата обврска завршува и парите за неуспешна нарачка нема да ви бидат вратени. |
|
Препорака за празнични денови
Испорака се врши секој работен ден од Понеделник до Сабота. Не испорачуваме во Недела и во деновите означени како национални празници на Р. Македонија. Ви препорачуваме да ги извршувате нарачките однапред неколку дена пред празниците за да може да се запази рокот за достава. |
|
Сигурност
Информациите за кредитната картичка не се снимаат на нашиот Web Server. Кога ви е дадено да ги внесете вашите податоци за кредитната картичка можете да го забележите 2CheckOut.com логото од компанијата што ги процесира информациите за вашата кредитна картичка. 2CheckOut.com ја користи последната и најнапредна технологија ( SSL secure socket layer encryption technology ). Посетете го нивниот сајт и станете сигурни за подготвеноста да направите нарачка со Вашата кредитна картичка без некаков сомнеж. |
|
Приватност
Вашата приваност е важна за нас. Нема да споделуваме некои персонални идентификациони информации со некој за било која причина без ваша одредена дозвола. Значи, ние ги чуваме безбедно вашето име, адреса, телефон, e-mail адреса и други информации што ги внесувате додека нарачувате. Сите информации што ги внесувате додека нарачувате се користат само за спроведување на нарачката. Процесирањето на кредитни картички не е наша обврска. Ги користиме услугите на 2CheckOut.com (компанија за процесирање на кредитни картички) за да ви овозможиме безбедно обработување на информациите од вашата кредитна картичка. |
|