ЦВЕТНИ БУКЕТИ
  БОМБОНИЕРИ
  ПАРФЕМИ
  Женски
  Машки
  МАКЕДОНСКИ ЦД-а
  Поп, Рок и останато...
  Народна / Фолк Музика
  ДВД-а
  Мултимедијални ЦД-а
  ДОЛНА ОБЛЕКА
Од:
До:
Од:
До:
 
 
ДОМА УСЛОВИ ЗА НАС КОНТАКТ
 
За Нас - Giftshop.com.mk
 

Првата и единствена Македонска Интернет продавница за подароци започна со работа во март, 2005-та. Покрај тоа што врши испорака на подароци, оваа продавница нуди многу повеќе од само "обично задоволство".

Помислете само на можноста секој од Вас да може да го изненади својот близок со некој подарок. Токму затоа, оваа Интернет продавница Ви овозможува испорачување производи дирекно до Вашиот дом или пак дирекно до личноста која сакате да ја изненадите.

Во соработка со некои Македонски компании се потрудивме да создадеме онлајн продавница со најразлични и интересни продукти, со идеа да ги нудиме на модерен начин на нашите потрошувачи. Ваквиот начин на продажба е застапен со години наназад во западните земји.

Затоа, се потрудивме и успеавме овој начин на продажба да го донесеме и кај нас, во Македонија. Каде и да сте, кај нас или во странство, доволно е само да влезете на нашата веб страна www.giftshop.com.mk и да изберете подарок за Вашата драга личност, а останатото е наша работа.

Главна цел зашто ја работиме оваа работа е идеата да ги задоволиме потребите на нашите иселеници во странство да го користат овој метод за на полесен начин да подаруваат на своите блиски во Македонија. Но, тоа не е и единствена цел. Сообраќајните метежи во градовите и неможноста да се стигне на време за да се набави подарок е уште една причина која не мотивираше да им овозможиме на нашите сограѓани тоа да го сторат преку својот компјутер - да обезбедат подарок преку Интернет.

Со Почит,
Giftshop.com.mk Тимот.

 Јазик / Language: english
ВАШАТА КОШНИЧКА
Вашата кошничка е празна
 
Giftshop.com.mk - Сервис за испорака на подароци на Tocka.com.mk